Содржина

    Дигитална еволуција: Одговорност кон иднината на бизнисите

    ПроКредит Банка како докажан лидер во дигитализацијата во македонскиот банкарски сектор и понатаму продолжува да ја промовира дигитализацијата. Овој пат фокусот е ставен на малите и средни претпријатија. За таа цел, ПроКредит Банка го организираше настанот „Дигитална еволуција: Одговорност кон иднината на бизнисите“.

    На настанот присуствуваа претставници од над 50 домашни компании од приватниот сектор, компании кои нудат дигитални услуги, како и претставници од институции кои нудат финансирање. Пред присутните беа претставени придобивките кои би ги оствариле со примена на дигиталните технологии во рамки на своето работење.

    Дигитална еволуција – зошто е важна?

    Настанот го отвори Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка. Во својот поздравен говор таа ја истакна важноста на дигитализацијата на малите и средните претпријатија која ќе отвори можности тие да ги оптимизираат своите работните процеси, да ги зголемат конкурентноста и приходите и да ги намалат трошоците како и да  ги следат новите пазарни движења и да ги задоволат потребите на своите клиенти. Таа истакна дека дигитализацијата претставува еволуција во начинот на работење, размислување и однесување на компаниите. Ова е несомнено е иднината на бизнис секторот.

    Распоред и учесници на настанот

    Настанот беше организиран во три сесии каде претставниците од локалните компании кои нудат дигитални решенија, Маранд Консалтинг, Некст Сенс, Инфо Биро и Инбокс, ги презентираа своите продукти за мали и средни претпријатија. Претставници од Никоб, Комфи Ангел и Кентаур Импекс ги презентираа своите успешни приказни во имплементацијата на дигитални решенија и нивниот ефект врз работењето во рамки на своите компании.

    Во последната сесија претставниците од ЕБРД, ГИЗ и ИМЕ ги презентираа можностите за финансирање преку достапните грант шеми и финансиски поволности за инвестиција во дигитални решенија.

    Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка на инспиративната панел дискусија истакна дека со дигиталната трансформација и употребата на напредни дигитални инструменти за ефикасно управување со бизнисите, полесно ќе се остваруваат успешните приказни на малите и средните претпријатија и во иднина.

    Во завршниот говор, ПроКредит најави организација на серија на настани кои ќе изградат мост помеѓу бизнис секторот, компаниите кои нудат дигитални решенија и институциите кои се клучни во процесот на дигитална еволуција и се главни двигатели на економскиот раст во земјата.